17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Светски хит создаден во Англија: Ај Кју со секси шепотења, време е за „Денсин“

Мистериозно ги снема, без некоја најава и сега се јавуваат од музичкиот центар на светот, Лондон, со нова музика.

Бендот кој што го држи рекордот за најслушана песна од македонски изведувач на Спотифај, евровизиската „Лост анд Фаунд“ која воедно во фебруари и март 2018 година беше помеѓу највртените 10 евровизиски песни на Јутјуб, реши да се вгнезди помеѓу својата најбројна фан-база од Европа,во Велика Британија, Лондон.

22 март ја означува музичката пролет за „Ај Кју“, на свет доаѓа заводливата „Денсин“, а тие настапуваат на однапред распродадено шоу во „Ројал Воксал Таверн“ во центарот на Лондон.

За оваа песна која ја напиша Бојан, снимен е и спот во кој Марија суптилно заведува со својот претпознатлив сензуален танц. Она меко движење кое ја внесува во филм и ја отсликува атмосферата на целиот музички вајб.

Текстот е по малку скокотлив и тоа уште повеќе доаѓа до израз со шепотењето во првата половина од песната, за на крај да кулминираат желбите и копнежите на динамичното дуо.

Спотот е снимен во филмско студио во Лондон од тим на професионалци водени од режисерот Џејмс Галант кој одлично ги вклопил Бојан и Марија да пливаат во една лежерна и мистична атмосфера во боите на кавер арт-от од песната, и да се заокружи целото доживување каде гитарата и пеењето говорат на јазикот на страста.

Погледнете го спотот:

Спонзорирано: