Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец доби кривична за продажба на хероин

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишен скопјанец во чиј дом била пронајдена дрога хероин.

Како што информираат од МВР, на 20 март годинава полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, а подоцна, истиот ден, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во неговиот дом при што го пронашле хероинот.

Кривичната против 51-годишникот е поднесена под постоење сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК