2. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рускоска: Тони го спаси Зијадин Села

Обвинителката Вилма Рускоска синоќа во студиото на ТВ21 говореше за пресудите за настаните од Собранието на 27. април. Таа се осврна на казната на Абдулфета Алими и откри дека Зијадин Села го спасил еден од демонстрантите, а не Алими.

– Абдулфета да си ја изврши работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете го утепавте човекот мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони, вели обвинителката.

Рускоска додава дека од прозорот на кујната на бифето и по пожарните скали го качиле Села и така се спасил.

– Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку”, завршува Рускоска.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/309955633024562/?t=0

Инаку, за настаните во Собранието највисока казна доби Митко Чавков и тоа 18. години, а единствен ослободен беше Игор Дурловски.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт.

По донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.