Centar.mk
БИЗНИС

Исклучен Блок 2 во РЕК Битола, сервисна активност за поголема оперативност

РЕК Битола синоќа на полноќ од производствениот процес го исклучила Блок 2 заради зголемување на оперативноста на постројката.

Од РЕК Битола соопштија дека блокот ќе биде во мирување до 30 март. Во меѓувреме, производството на електрична енергија ќе продолжи од останатите два блока – Блок 1 и Блок 3.

По вклучување на Блок 2 во електроенергетската мрежа, планирано е исклучување на Блок 3 на РЕК Битола заради планирано надградување на софтверскиот систем за управување на блокот.

За време на на сервисните активности, потребите за електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи од сопствените производствени капацитети.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: 80 години централно банкарство – независност, професионалност и интегритет за идни успеси

ДЕСК

Дали треба денес да се оди во менувачница? Еве ги новите курсеви во Македонија за 29 октомври

ДЕСК

Телеком ја пушти во употреба првата 5G+ мрежа во Македонија

ДЕСК