Centar.mk
СВЕТ

Забрането славење на Божик во четири градови во Кина

Во најмалку четири градови и еден округ во Кина локалните власти забранија прослава за Божик. Христијанскиот празник се прославува како некој вид потрошувачки фестивал во поголем дел од земјата, а огромните новогодишни елки ги красат трговските центри во Шангај и Пекинг.

АП наведува дека и покрај тоа, на властите на кинескиот град Нанјанг им биле потребни 24 часа за од локалниот шопинг-центар и канцеларискиот комплекс на 27 ката целосно да ги остранат сите божикни обележја: елки, лампиони и ѕвончиња.

Според зборовите на Ма Џун, вработена во една од фирмите во зградата, не било поштедено дури ни огромното кадифено мече што се наоѓало на влезот.

„Сè отстрането и исчистено“, рече таа.

АП наведе дека со владеењето на Комунистичката партија на Кина сѐ поголемо внимание се посветува на традиционалната култура.

Можеби ќе ве интересира

Песков: Се надеваме на конструктивни односи со новите власти во Србија

ДЕСК

Зеленски за Србија: Тоа е очигледно ново поглавје во историјата на земјата

ДЕСК

Сите карти се на маса; Зеленски откри три услови за запирање на нападот

ДЕСК