Centar.mk
СВЕТ

Рибари од Костарика случајно спасени по три недели на море

Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика, кои три недели плутале по Карипското Море. Рибарите ги спасил крузерот „Царица на морето“ во петокот вечерта, помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка.

Туристичката компанија што го користи бродот за крстарење соопшти дека тој сосема случајно се нашол на локацијата на рибарите бидејќи поради лошите временски услови користел алтернативен пат.

Рибарите на 1 декември заминале од Порто Лимона во Костарика, но останале заробени во морето кога заспале и им се потрошило горивото при нивното враќање назад кон пристаништето.

На двајцата на бродот им била укажана медицинска нега.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ЈА ПЛАНИРА ИДНИНАТА НА ДРОНОВИТЕ – Денеска започнува дводневен самит во Брисел

ДЕСК

ВАЖЕН ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ЈУЖЕН СУДАН – Отворен првиот регистар за заболени од рак

ДЕСК

УКРАИНА ПОВТОРНО ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН – Денеска закажан состанок во Њујорк

ДЕСК