Со новата практика за утврдување на највисоки цени на нафтените деривати во земјава, секој понеделник се обновува ценовникот за енергенси.
Денеска напладне, РКЕ треба да ги соопшти новите цени на бензинот и дизелот кои ќе важат во следните седум дена.
Со новата методологија, цените на горивата веќе два пати се намалени, а моменталната цена на бензинот е 69,50 денари за еуросупер 95, додека еуросупер 98 се продава по 72 денари за литро.
Дизелот се продава по цена од 62,50 денари за литро.
Овие цени ќе важат до полноќ, а новите ќе ги дознаеме денес напладне.