Четири собраниски комисии имаат седници денеска. Комисијата за одбрана и безбедност треба да ја разгледува одлуката за испраќање припадници на Армијата во европската операција „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
Паралелно, Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати што ги исполнуваат условите за член на Судскиот совет кој го избира Собранието.


