Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТРИТЕ ДВА ЧАСА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ: Денеска опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ја одржува 126. седница, а по утврдувањето на дневниот ред премиерот и министрите два часа треба да одговараат на прашања од опозициските пратеници.

На дневен ред се и финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза врз земјоделското и сточарското производство, државната ревизија, мисијата „АЛТЕА“ и продолжувањето на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати