Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.
Минималните температури ќе се движат приближно од 2 до 10 степени. Најстудено ќе биде во западните делови, каде утринската температура на места ќе се спушти до само 2 степени.
Во текот на денот ќе биде посвежо, со максимални температури главно од 8 до 18 степени. На запад на места ќе има само околу 8 степени, во централните делови од 13 до 16 степени, на север околу 12 степени, додека најтопло ќе биде во југоисточните подрачја со температура до околу 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.


