Вчера, во 18.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода 39-годишниот Ш. И. од Куманово, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.