Centar.mk
ВМРО ДПМНЕ: Студентите нема повеќе да чекаат на шалтерите на ЈСП за да извадат картичка за бесплатен превоз Се воведува дигитална студентска картичка, решение кое е подготвено преку соработка меѓу ЈСП, ФИНКИ и универзитетите, а со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП. Со воведувањето на дигиталната студентска превозна картичка, барањето на студентите се претвора во конкретно решение. На овој начин студентите добиваат поедноставен пристап, наместо повторно да носат хартиени потврди. Ова решение се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Така, нема да има потреба студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка како што беше до сега. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката, а QR-кодот од својот телефон ќе биде за валидација во автобусот. Оваа реформа е уште еден доказ дека модернизацијата на јавните услуги оди рака под рака со грижата за младите. УМС на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане отворена кон темите што ги засегаат студентите, ќе го следи спроведувањето на промената во пракса и ќе ги пренесува понатаму нивните предлози и забелешки до надлежните институции.
Centar.mk » - » Page 241

Category : –

-МАКЕДОНИЈА

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

ДЕСК
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Туркије Фатих Улусој. На средбата беа потврдени...
-МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава

ДЕСК
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата...
-МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Расте довербата на граѓаните во Уставниот суд, рекорден број од 306 предмети оформени во 2025 година

ДЕСК
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска одржа годишна прес-конференција на која ги презентираше работењето и активностите на Судот во изминатата година, како и...
-МАКЕДОНИЈА

Тошковски и Мицкоски на промоција на 120 нови возила за македонската полиција: После 15 години нови возила за полицијата – инвестиција во безбедноста и во достоинството на полицаецот

ДЕСК
Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Владата Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на 120 нови службени возила, наменети за потребите на...
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција

ДЕСК
– Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за еве успешно завршената набавка, за...
-МАКЕДОНИЈА

Секогаш држи се до планот – Одговорната игра е твојата најдобра шанса

ДЕСК
Mozzart ја покрена кампањата за одговорно обложување. „Ајде да зборуваме за одговорноста – колку сме одговорни кон себе и колку сме одговорни кон луѓето што...
-МАКЕДОНИЈА

Пукање во Арачиново – Меѓусебна пресметка со огнено оружје меѓу неколку лица со две возила

ДЕСК
На 24.12.2025 во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои...