Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ГРАД И ПОРОЕН ДОЖД ЗАФАТИ ДЕЛОВИ ОД ПРЕСПА: УХМР со најнови податоци

Нестабилноста во Ресенскиот регион е проследена со силен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Нестабилната облачност од Ресен се движи кон Преспанскиот регион.

На останатиот дел од Македонија според радарската слика нестабилност имаме северно од Скопската Котлина и на североистокот , истокот и западно од Кочани претежно во планинските предели.