Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата.

Услов за членството во НАТО беше решавање на спорот за името со Грција, што беше исполнет со преспанскиот договор во 2018 година, потпишан кога на чело на македонската влада беше Зоран Заев, а од грчка страна Алексис Ципрас.

На 6 февруари 2019 година беше потпишан пристапниот протокол, а веќе на 27 март во 2020 година Македонија под новото име Северна Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на крајот на оваа година стана заменик-генерален секретар на НАТО./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК