Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обезбедено доволно количество крв за повредените од Кочани што се наоѓаат во Бугарија

Благодарение на огромниот бран сочувство за жртвите од трагичниот инцидент во градот Кочани, Република Северна Македонија, во оваа фаза се обезбедени потребните количини крв и крвни продукти, извести „Бгнес“.

Во моментот достапните резреви се на оптимално ниво, а капацитетот за обработка и складирање е привремено исполнет.

Бугарските медиуми пренесоа дека само во вторникот над 600 луѓе дарувале крв во центрите во земјата. Во Бугарија се лекуваат 15 повредени во пожарот во Кочани, меѓу нив и деца и млади.

Бугарскиот Црвен крст утрово информира дека лекувањето на повредените млади ќе биде долгорочно, потребата од крв е динамична и може да се јави во секоја наредна фаза од нивното лекување. Националниот центар за трансфузиона хематологија се залага за редовно ажурирање на потребата од крв и крвни продукти, а доколку повторно се појави потреба од крв, бугарскиот Црвен крст ќе организира крводарителска акција.

„Бугарскиот Црвен крст изразува искрена благодарност до сите што се одѕваа на повикот и даруваа крв! Вашата хуманитарна помош е непроценлива и докажува дека човечката солидарност и емпатијата ја докажуваат силата на заедницата. Им благодариме на Министерството за здравство, Националниот центар за трансфузиона хематологија, Универзитетската болница за трансфузија на крв ‘Н.И. Пирогов’ и на регионалната Медицинска академија за хематологија за трансфузија. Уште еднаш – им благодариме на сите што веќе се вклучија во крводарителската акција!“, се вели во соопштението на бугарскиот Црвен крст денеска дистрибуирано преку медиумите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +