Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Имало ли лекарска грешка во третманот на младиот кумановец (32) кој почина во кумановската болница завчера?

Има ли лекарска грешка во третманот на младиот кумановец кој почина во кумановската болница завчера?

Министерот за здравство соопшти дека доколку има лекарска грешка, секако ќе има и одговорност.

Инаку ДСЗИ и тим на министерството за здравство ќе утврдат дали имало пропуст или лекарска грешка во лекувањето на 32 годишниот кумановец кој починал додека примал инфузија, а првичните сознанија велат дека имал алергиска реакција на аналгетик.

– Да бидам искрен, анафилактички шок се случува секаде и може да се случи секогаш. За жал, понекогаш од анафилактичкот шок може да почине пациентот. Според информациите што ги имам, пациентот имал анафилактички шок, можеби се знаело можеби не се знаело за некој лек. Пациентот може примал некој лек порано и да не реагира,рече министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање по повод смртта на младиот кумановец.

По смртта беше издадена наредба на јавен обвинител телото на 32-годишниот кумановец да биде предадено на обдукција.