Centar.mk
ЛОКАЛНО

Делови од Кисела Вода и Чучер Сандево утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Таарчев“ крак – 24, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селото Бродец.

Исто така, поради промена на затворач од водоводна мрежа на улицата „Јани Лукровски“ број 10, утре од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

ДЕСК

Стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот Скопје

ДЕСК