Centar.mk
СВЕТ

Нападнатиот во Берлин е шпански турист, тој е стабилен: напаѓачот е уапсен

Мажот повреден во нападот со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин е 30-годишен турист од Шпанија, соопшти вчера германската полиција.

Тој е пренесен во болница со тешки, но не опасни по живот повреди. Мажот е во стабилна состојба, изјави претходно портпаролката на полицијата.

Полицијата три часа по пријавата го уапсила осомничениот.

Уапсениот имал „крв на рацете“, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. „Тоа е веројатно осомничениот кој го нападна Шпанецот овде кај Меморијалот“, додаде тој.

Нападот се случил околу 18 часот. Не е пронајдено оружје, но најверојатно се работи за нож, додаде полицијата.

„Апсолутно немаме идеја кој мотивот за нападот“, нагласи Флоријан Нат.

Жртвата се здобила со „неколку убодни рани во горниот дел од телото“, објасни тој. Мажот е пренесен во болница, опериран е и е во стабилна состојба, соопшти полицијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +