Centar.mk
БИЗНИС

Врховен суд ќе го разгледува предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони оштета на фирма

Предметот во кој Апелација пресуди Телеком да плати 4 милиони евра оштета на фирма од Штип, ќе го разгледува и Врховниот суд. Предметот е веќе поднесен и во следниот период, согласно редовната динамика на работа на ова судско тело, се очекува истиот да биде разгледан и Врховен да донесе одлука. За истиот предмет предистражна постапка отвори и Основното јавно обвинителство. Откако беше донесена пресуда на Апелација според која Телеком треба да плати 4 милиони евра оштета, Владата како акционер во компанијата беше информирана за случајот и за начинот на кој била донесена оваа одлука, пишува Фактор.мк.

На неодамнешниот брифинг со новинарите во Обвинителството за предметот беше истакнато дека истиот е заведен во републичкото јавно обвинителство по допис од Министерството за транспорт и врски. Дополнително прибавен е извештај од Судскиот совет бидејќи имало претставка. Предметот е во фаза во која е донесена мерка со која е спречено да настанат штетни последици, истакнаа од Обвинителството.

целиот текст прочитајте го на Фактор.мк со клик тука.

Можеби ќе ве интересира

Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

ДЕСК

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси

ДЕСК

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

ДЕСК