Centar.mk
СВЕТ

Инфлуенсерки се удавија во Бразил бидејќи одбиле елеци за спасување затоа што ќе им ги уништат селфињата

Две инфлуенсерки се удавија откако се забавуваа на јахта во Бразил, затоа што одбиле да носат елеци за спасување затоа што мислеле дека ќе им се уништат нивните селфи фотографии, пред нивниот брод да биде потопен од огромен бран.

Алин Тамара Мореира де Аморим (37) и Беатриз Таварес да Силва Фариа (27) беа пронајдени мртви откако нивниот пренатрупан брод се превртел покрај брегот на делот познат како Ѓаволско грло додека се враќале од забава, објави Њујорк Пост.

Полицискиот комесар во Сао Винсенте, Маркос Алехандра Алфино, вели дека инфлуенсерите одбиле да носат елеци за спасување: „Некои не сакале да ги носат затоа што правеле селфи. Тие рекле и дека им пречат кога се сончаат“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +