22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Русија им даде клучни податоци на Хутите за ракетни напади врз бродови во Црвеното Море, објави Волстрит журнал

Русија обезбеди сателитски податоци претходно оваа година за да им помогне на јеменските бунтовници Хути да го нападнат комерцијалниот брод во Црвеното Море, објави синоќа Волстрит журнал.

Повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање и двајца анонимни европски претставници од одбраната, американскиот весник објави дека податоците ги пренеле членови на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција стационирани во Јемен и биле користени за гаѓање на бродови со проектили и беспилотни летала.

Исламистичките бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран и контролираат големи делови од Јемен, почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море во, како што велат, солидарноста со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Нападите доведоа до драматичен пад на сообраќајот низ таа клучна бродска патека. Како одговор, САД и Велика Британија распоредија поморска коалиција во регионот и бомбардираа цели на Хутите во Јемен.

Во повеќе од 100 напади на Хутите во текот на речиси една година, четворица морнари беа убиени и два брода потонати, додека еден брод и неговиот екипаж остануваат во притвор откако беа киднапирани во ноември минатата година./Извор:Makfax