Centar.mk
РЕГИОН

Носело само пелени: тригодишно момче пронајдено сосема само во парк во Тиват

Тригодишно момче е пронајдено како сосема само лута во парк во Тиват, облечено само во пелени.

Службениците на одделението за обезбедување во Тиват, заедно со колегите од комуналната полиција, го пронашле момчето во паркот, изјави за порталот РТЦГ началникот на полициската управа Тиват, Миодраг Кнежевиќ.

Кнежевиќ рече дека се претпоставува оти момчето тукушто излегло од станот бидејќи не носело гардероба, туку само пелена.

Тој рече дека малото момче зборува руски и дека, најверојатно, го искористило невниманието на своите родители.

„Тоа не е киднапирање или нешто слично, ние сме имале вакви случаи, ретко, но имало“, рече тој.

Детето, моментно, е во Центарот за социјална работа, а Кнежевиќ верува дека родителите бргу ќе бидат идентификувани, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +