22.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Најстарото куче во светот – Лили на Нова година наполни 24 години, живее во Италија

Куче мелез со име Лили го прослави 24. роденден, според кажувањата на нејзиното италијанско семејство, што ја прави најстарото куче на светот, објави британски „Дели мејл“.

Лили, мало куче со непознато потекло, со сиво-црно крзно, го прослави својот роденден во домот на своето семејство во Торе Анузијата, во близина на Неапол, на Нова година.

Семејството ѝ направило специјална торта со бројот 112, нејзината еквивалентна возраст во човечки години.

Таа била пронајдена во лавина на автопатот до Реџо Калабрија, градот најблиску до Месина на Сицилија.

Нејзината сопственичка, вдовицата Ана Кутрупи, вели дека Лили е луда по рибите, а исто така ужива и во конзервирано месо.

„Лили ми е како ќерка и таа успева да ме натера да не се чувствувам осамено, особено по загубата на мојот сопруг“, изјави таа за италијанските медиуми.

Ана вели дека иако нејзините три деца, Роко, Аусија и Роберта, имаат свои семејства и животи, секогаш кога зборуваат на телефон, „пред што и било друго ме прашуваат како е кучето“.

Лили сега е дел од нашето семејство. Таа несомнено е на постара возраст, но е здрава и жива“, додаде Ана.

Рече дека таа ја печела тортата за Лили бидејќи достигнувањето на нејзината возраст е „достигнување што заслужува да се прослави како што треба“.

Најчесто се верува дека кучешките години може да се пресметаат со одземање на бројот на човечки години за кои е жив и се множат по седум,

Но, ветеринарите го разоткрија тоа тврдење и дојдоа до подобар начин за пресметување на возраста на кучињата.

Првата година од животот на кучето е еквивалентна на 15 години, а со втората кучињата полнат 24, со оглед на тоа како се развиваат во првите неколку години.

Следејќи го тоа, треба да се додадат четири години за секоја човечка година што кучињата ја живеат.

Како куче што беше пронајдено како малечко во 2000 година, Лили има 112 години во човечки години.

Големата роденденска прослава на Лили доаѓа неколку месеци откако Боби, португалско куче, кое претходно го држеше рекордот дека е најстарото куче во светот, почина само пет месеци по прославувањето на својот 31. роденден.