5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ИЗРАБОТКАТА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА, А ИЗГОТВУВА И АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА РАБОТА

Локалниот економско социјален совет на општина Битола, денес ја одржа втората седница, на која беше усвоен Предлог деловникот за работа, а беа разгледани и прашања поврзани со понатамошното делување на овој Совет.

Гордана Балтовска, како претседавач на Локалниот економско социјален совет ќе раководи и со новоформираната комисија за изработка на стратегијата за Локален економски развој, а од страна на сите присутни членови беше побарано нивно вклучување со предлог проекти и во изготвувањето на акциониот план на ЛЕСС.

На денешната седница, беа дадени повеќе предлози кои се однесуваат на подобрување на економската и социјалната сфера во општината, а беше разгледана и можноста за активно вклучување на членовите на ЛЕСС и во изработката на другите стратешки документи кои се во фаза на подготовка.

На овој начин, локалниот економско социјален совет, покажува отвореност за соработка и реализација на проекти во координирани активности помеѓу бизнис заедницата, синдикатите, општината, другите институции, невладиниот сектор и образованието.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

C +

Герасимовски: Ангажираме лични асистенти во училиштата, плата 15.000 денари, вложуваме во инклузивно образование

C +

Делови од Бутел и Аеродром денеска без струја

C +