24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје е во колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Шутаров

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е една година на колапс и хаос во главниот град.

За 12 месеци нема ниту еден нов реализиран проект од програмата на градоначалничката Данела Арсовска.

Нема ниту реализација на наследените проекти од СДСМ, како реконструкцијата на универзална сала, изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, а стои и изградбата на клучката кај Момин поток.

Колапс се случува со јавниот превоз.

Пред неполн месец, за првпат во историјата главниот град остана без јавен превоз.

Денес ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е раскинат а вториот превозник не вози поради неисплатени обврски.

Бесплатниот јавен превоз остана како голема лага на Арсовска, а фабриката за автобуси на Мицкоски уште поголема лага.

Во колапс се и други јавни претпријатија а пред се поради неспособноста на раководствата кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема.