17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Добри вести: Минималната плата и пензиите повторно ќе растат, пари во Буџетот има…

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2023 година и тој наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Буџетот за 2023 година е прв буџет кој е усогласен со новиот Закон за буџети, што го донесовме овде во Собранието и истиот е во насока на о насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.

Само за оваа цел во буџетот за следната година се издвоени 250 милиони евра.

Приходната страна во Предлог-буџетот за 2023 е планирана на ниво од 282 милијарди денари и истата е за 14,8% повисока во однос на 2022 година.

Од друга страна, расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година, со што продолжува постепената фискална консолидација со буџетски дефицит.

Она што е особено важно да се потенцира е зголемувањето на средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери кон граѓаните.

Предвидени се 75 милијарди денари за исплата на пензии или за околу 10% повеќе во однос на оваа година.

Тука е земена предвид новата методологија за пресметка на пензиите, според која усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и пораст на просечно исплатена плата за сите вработени во висина од 50%, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите.

Расходите за плати проектирани се на 34,9 милијарди денари, согласно постојните законски решенија, односно сумата е повисока за 1,6 милијарди денари и е во насока на усогласување со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија.

Со воспоставениот модел за раст на минималната плата во март следната таа ќе порасне за 10 % и ќе достигне речиси 20.000 денари.

Во март оваа година минималната плата изнесуваше 15.200 денари, што значи дека само за една календарска година таа ќе се зголеми за над 30 отсто.

Предвидени се и 12,5 милијарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Со Буџетот за 2023 сериозен фокус се става на и на капиталните инвестиции. Капиталните расходи се на ниво од 48,9 милијарди денари или близу 800 милиони евра, наменети за капитални проекти, односно за околу 52,3% повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и е одговор на последиците од кризата. Сите пратеници да го поддржат овој најважен документ за македонската економија.

линк до видео:https://youtu.be/aPRpfBj3CEY

Спонзорирано: