14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МПС: ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТИ ВО НАСОКА НА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО МВР!!!

СООПШТЕНИЕ НА CESP

Со жалење сме информирани за бруталниот напад на нашите колеги од македонската полиција, членови на Македонскиот полициски синдикат, кои ги извршуваат секојдневните обврски и ја штитат благосостојбата на сите граѓани и на самата држава.

Ние како CESP најостро го осудуваме насилството врз полицијата, кое претставува тешко кривично дело и такви постапки и однесувања нема да се толерираат. Секој што ќе нападне полицаец или друг службеник за обезбедување ќе се соочи со законот и ќе сноси сериозни правни последици.

Очекуваме брза реакција на сите надлежни органи во вашата земја како одговор на принципот на нулта прифатливост на насилството врз сите припадници на Министерството за внатрешни работи и другите службеници кои ги извршуваат своите должности и им служат на граѓаните и државата.

Правото на протест е фундаментално право на сите граѓани, но затоа што македонската полиција е на фронтот ќе се почитува достоинствено и кој ќе нападне полицаец тоа ќе се смета за напад на државата.

Како CESP, сите наши напори се насочени кон подобрување на правата и квалитетот на животот и здравјето на полициските службеници, развој и усогласување на процедурите за работа на полицијата во отворена и покомплексна европска рамка, поддршка на спроведувањето на решенијата за националните проблеми во земјите членки, како и учество во создавањето на безбедна и сигурна Европа со помош на имплементацијата на Европската социјална повелба за полициски службеници.
Силно веруваме во ефикасноста на македонските власти и брзото решавање на ова прашање. Ќе продолжиме да бидеме европски полициски партнер и одблиску ќе ги следиме случувањата во вашата земја заедно со нашите колеги од Македонскиот полициски синдикат.

Спонзорирано: