Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анастасов од Пробиштип: Јаловишната депонија од жариште на болести ќе стане фотоволтаична централа која ќе носи приход за општината

„Нема изборна програма, а да не се зборува за јаловишната депонија. Општина Пробиштип наредната недела на седница на совет ќе изгласа нов ДУП за оваа депонија. По санацијата на депонијата, на тој простор ќе се постават фотоволтаични системи“ кажа градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

„Од најголемо жариште на болести, ќе направиме простор кој освен што ќе ни обезбеди обновливи извори на енергија, ќе отвори нови работни места и ќе ни донесе приходи во општината“ кажа Анастасов.

Градоначалникот на Пробиштип најави дека туризмот ќе стане важна економска гранка во општината во наредниот период.

„Пробиштип пред 3 месеци донесе ДУП за Пониква. Таму ќе се изградат 250 викендици и 9 комерцијални објекти – хотели и мотели. Пониква и Лесново се простори со кои се гордееме и кои треба да ги развиваме и промовираме“ најави Анастасов.

Тој најави дека преку секојдневни разговори со граѓаните заеднички работи на програмата и дека локалната власт веќе докажала дека ја има најдобрата програма за Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +