Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Проблемот со Охридско Езеро стана видлив кога ДПМНЕ го донесе Субрата да го прави Лас Вегас

„Прашањето за Охридското Езеро е многу важно прашање, не се само Охрид и Струга важно прашање, не е само важно прашање за 5-ка, тука за цела држава, и мислам дека не треба да се криеме зад точките и запирките во законите“, изјави Радмила Шекеринска, носител во петтата изборна единица од коалицијата „Можеме“.

Таа вели дека проблемот со статусот на УНЕСКО на Охридското Езеро и на целиот регион особено станал видлив од моментот кога една влада дозволила Субрата Рој да се шета низ државата како спасител и да пропагира дека од Охрид ќе направат Лас Вегас.

„Ниту стана Лас Вегас, а се утврди и дека не постојат пари што можат да го спасат Охрид и неговиот статус. Но, од тој момент мониторингот стана многу посилен и уште во април 2017 година незабележано помина во јавноста“, рече Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +