Centar.mk
КУЛТУРА

Најавена оперската претстава „Кавалерија рустикана“

Националната опера и балет, на 15 октомври 2019, со почеток во 20.00ч. Ви ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.

КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.

Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Билетите може да ги купите и резервирате на Билетарница: 02 3118-451

онлајн: www.operabalet.mk

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК