23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Табела: Во Македонија се вози со најевтино гориво – Ова се цените на горивата низ цела Европа

Во Македонија се вози дефинитивно најевтино.

Дизелот е под едно евро, а бензините се движат од евро и седум центи до евро и единаесет центи по литар.

Поевтино од Македонија се вози само во Русија, каде цените се драстично пониски односно 0,61 евро центи за литар за еуросупер 95, 0,65 евро центи за литар дизел.

Колку за споредба во Албанија бензините изнесуваат 1,38 евра, додека дизелот 1,37 евра.

Најскапи цени има Норвешка каде дизелот изнесува 1,64 евра, додека бензините се продаваат за 1,70 евра за еуросупер 95 и 1,80 евра за еуросупер 98.

Во Србија цената на еуросупер 95 е 1,24 евра, еуросупер 98 изнесува 1,31 евра додека пак дизелот за 1,38 евра.

Во Грција цените се нешто посолени од другите земји во регионот, па така 1,56 евра е литар бензин еуросупер 95, 1,69 евра е еуросупер 98, додека дизел е 1,39 евра.

Пониски цени имаат Летонија, Литванија, Луксембур, Унгарија кои сепак за нијанса се повисоки од оние во Македонија.

Погледнете ја табелата со цени за сите европски држави.

ДРЖАВА БЕНЗИН БМБ-95 БЕНЗИН БМБ-98 ДИЗЕЛ
Албанија 173.00 ALL (1,38 EUR) 172.00 ALL (1,37 EUR)
Австрија 1.21 EUR 1.36 EUR 1.21 EUR
Белгија 1.47 EUR 1.53 EUR 1.53EUR
БИХ 2.16 BAM (1,10 EUR) 2.36 BAM (1,21 EUR) 2.36 BAM (1,21 EUR)
Бугарија 2.14 BGN (1,09 EUR) 2.42 BGN (1,24 EUR) 2.34 BGN (1,20 EUR)
Чешка 30.08 CZK (1,17 EUR) 32.48 CZK (1,26 EUR) 30.76 CZK (1,19 EUR)
Црна Гора 1.29 EUR 1.33 EUR 1.25 EUR
Данска 11.39 DKK (1,53 EUR) 11.98 DKK (1,61 EUR) 9.99 DKK (1,34 EUR)
Естонија 1.32 EUR 1.37 EUR 1.34 EUR
Финска 1.46 EUR 1.55 EUR 1.41 EUR
Франција 1.51 EUR 1.58 EUR 1.48 EUR
Грција 1.56 EUR 1.69 EUR 1.39 EUR
Хрватска 9.91 HRK (1,33 EUR) 10.05 HRK (1,35 EUR) 9.74 HRK (1,31 EUR)
Ирска 1.37 EUR 1.34 EUR
Италија 1.56 EUR 1.64 EUR 1.49 EUR
Летонија 1.18 EUR 1.24 EUR 1.17 EUR
Литванија 1.11 EUR 1.18 EUR 1.09 EUR
Луксембург 1.18 EUR 1.27 EUR 1.09 EUR
Унгарија 368.70 HUF (1,15 EUR) 380.80 HUF (1,19 EUR) 390.70 HUF (1,22 EUR)
Македонија 66.50 MKD (1,07 EUR) 69.00 MKD (1,11 EUR) 60.00 MKD (0,97 EUR)
Германија 1.41 EUR 1.52 EUR 1.28 EUR
Холандија 1.74 EUR 1.81 EUR 1.45 EUR
Норвешка 16.360NOK (1,70 EUR) 17.35 NOK (1,80 EUR) 15.80 NOK (1,64 EUR)
Полска 4.800PLN (1,12 EUR) 5.02 PLN (1,17 EUR) 5.07 PLN (1,18 EUR)
Португалија 1.56 EUR 1.68 EUR 1.44EUR
Романија 5.420 RON (1,14 EUR) 5.55 RON (1,17 EUR) 5.73 RON (1,20 EUR)
Русија 44.99 RUB (0,61 EUR) 52.68 RUB (0,71 EUR) 47.84 RUB (0,65 EUR)
Словачка 1.26 EUR 1.46 EUR 1.22 EUR
Словенија 1.30 EUR 1.43 EUR 1.26 EUR
Шпанија 1.28EUR 1.41 EUR 1.22 EUR
Србија 146.20 RSD (1,24 EUR) 154.90 RSD (1,31 EUR) 163.40 RSD (1,38 EUR)
Шведска 15.84 SEK (1,52 EUR) 16.44 SEK (1,58 EUR) 15.99 SEK (1,53 EUR)
Швајцарија 1.54 CHF (1,38 EUR) 1.57 CHF (1,40 EUR) 1.72 CHF (1,54 EUR)
Турција 6.71 TRY (1,08 EUR) 6.74 TRY (1,08 EUR) 6.34 TRY (1,02 EUR)
В. Британиja 1.21 GBP (1,41 EUR) 1.29 GBP (1,50 EUR) 1.29 GBP (1,51 EUR)

обновено 10.06/извор АМСМ