22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска од Битола: Македонија не е во моментов пристојно место за живеење, мора да се реформира во секој поглед

Чест ми е што сум меѓу Битолчанки и Битолчани, благодарна сум на начинот на кој гласаа, охрабрена сум, инспирирана сум во последниве денови. Мислам дека не згрешиле што го сториле тоа. Денеска, вечерва кога гледам на ова студено време во колкав број се дојдени, особено жените. Имам чувство дека ми веруваат, но пак јас имам и сопствено чувство дека со нив можам да го реализирам она што го ветив, порача вечерва од Битола кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

„Мислам дека во кампањата се однесував не само женски, туку и фер, витешки. Тоа ќе го направам и последниве денови. Кога имате аргументи, кога верувате во она што сте го напишале тогаш мислам дека нема проблем и да го браните. А, се разбира јас немам проблем сигурна сум и да го спроведам тоа.

Што да кажам, значи ретка прилика имав што и да се случи на 5-ти мај. А, јас мислам дека знам, интуицијата ми говори што ќе се случи. Да ги видам најгорливите проблеми непосредно, не е многу весело она што се случува на пат и до солзи ме доведуваа ситуациите, состојбите, приказните на луѓето кои ги слушав од различни категории. Македонија не е во моментов пристојно место за живеење, Македонија мора да се реформира во секој поглед. Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и се уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија на највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде запозната не само по, велат за прв пат невообичаената кампања, туку и по реформите“ додаде Сиљановска.