Centar.mk
СВЕТ

Кувајт: Неколку дронови го нападнаа аеродромот, погодени се згради

Меѓународниот аеродром во Кувајт утрово беше цел на напад од неколку дронови, но во инцидентот немаше жртви, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Кувајт.

Портпаролот на Дирекцијата, Абдула ал-Раџи, за кувајтската државна новинска агенција „КУНА“ изјави дека нападот предизвикал материјална штета на некои од објектите на аеродромот.

Тој изјави дека инцидентот е решен во согласност со планот за вонредни состојби што е на сила од почетокот на тековната криза, во целосна координација со надлежните институции во земјата, пренесува „The Kuwait Times“.

Ал-Раџи нагласи дека Управата за цивилно воздухопловство континуирано ги презема сите потребни мерки за зачувување на безбедноста и сигурноста на цивилното воздухопловство, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бегство од војната: Богатите на Блискиот Исток плаќаат огромни суми пари за приватни летови

C +

Белата куќа објави анимирано видео: нападите во Иран ги објасни преку метафора со куглање

C +

Луксузна висококатница во Дубаи оштетена во напад

C +