13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел го нападна Бејрут неколку часа по разговорот меѓу Нетанјаху и Трамп

Израел рано утринава повторно го нападна јужен Бејрут неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговараа за „иранската закана“.

Израелскиот премиер беше еден од првите светски лидери што му честита на Трамп нарекувајќи го неговиот реизбор „најголемото враќање во историјата“.

Во телефонскиот разговор двајцата „се договорија да работат заедно на безбедноста на Израел“ и „разговараа за иранската закана“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.

Недолго потоа израелската војска почна напади врз главното упориште на Хезболах во јужен Бејрут, при што снимките на АФП покажуваат портокалови блесоци и облаци од чад над густо населеното предградие.

Израелската војска издаде наредба за евакуација пред нападот повикувајќи ги луѓето да напуштат четири населби, вклучително и една во близина на меѓународниот аеродром.

Министерството за здравство на земјата соопшти дека 40 луѓе биле убиени во источен Либан во израелските напади во средата и дека спасувачите ги пребаруваат урнатините за преживеани./Извор:Makfax