34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовно пукање во Охајо: едно лице загина, а десетици се повредени

Едно лице загина, а најмалку 24 се ранети во масовно пукање што се случи во градот Аркрон во американската држава Охајо. Како што јави Би-би-си, пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во неделата.

Полицијата брзо реагираше на местото на пукањето на аголот на улицата Кали и Осмата авенија. Таму биле пронајдени десетици чаури и пиштол, јавуваат локалните медиуми.

Никој не е уапсен или идентификуван како осомничен и истрагата е во тек, потврди полициската управа во Акрон. Потврдено е дека меѓу ранетите нема повреди опасни по живот.

Градоначалникот на Акрон Шамас Малик и началникот на полицијата Брајан Хардинг објавија заедничка изјава на социјалните мрежи во која ветија дека ќе ги „изведат одговорните пред лицето на правдата“:

„Нашиот град е потресен по бесмисленото насилство“, се вели во соопштението и се додава:

„Има повеќе од 20 повредени, болка и траума низ градот додека бараме одговори“.

Надлежните ги повикаа граѓаните да се јават доколку имаат информации за нападот.

„Мораме да разговараме со граѓаните ако сакаме да спречиме вакви ситуации во иднина. Ќе продолжиме да ја обезбедуваме јавната безбедност за сите наши граѓани“, велат надлежните./Извор:Makfax