22.8 C
Скопје
25. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема да им дозволиме да формираат терористичка држава: Нетанјаху ја отфрли поддршката на ОН за палестинската државност

Израелската влада едногласно ја отфрли одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации за признавање на палестинската држава, соопшти кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

„Нема да им дозволиме да формираат терористичка држава од која ќе може да нѐ нападнат уште повеќе“, рече Нетанјаху.

Како што јави „Ројтерс“, тој рече дека никој нема да го спречи Израел да го искористи своето основно право да се брани.

„Ниту Генералното собрание на ОН ниту кој било друг ентитет“, додаде израелскиот премиер./Извор:Makfax