12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Се проверува ДНК; Во автомобил пронајдени траги од крв, се утврдува дали се на малата Данка

При преглед на поголем број автомобили во потрага по исчезнатата Данка Илиќ (2), полицијата пронашла крв, која била земена на ДНК анализа, пренесуваат српските медиуми.

Се сомнева дека трагите од крв се поврзани со убиството на малата Данка Илиќ, која минатиот вторник исчезна од Бањско поле.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вонредна седница на Советот за безбедност потврди дека девојката од Бор е убиена.

„Полицијата уапси две лица кои ја убиле малата Данка“, изјави Вучиќ.

„Сега водат до местото каде што е фрлено телото. Благодарност до полицијата за големиот напор“, додаде тој.

медиумите потсетуваат дека двегодишната Данка Илиќ од Бор исчезна пред точно десет дена, на 26 март.

Спонзорирано: