12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски ќе обезбедат европска иднина за Македонија

„На денешнава дебата се виде разликата која се нуди на изборите. Тоа е една јасна визија и план за европска иднина која јас ја застапувам и коалицијата за европска Македонија и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Претседателот Ковачевски се осврна и на нејасната визија која на крај ќе заврши со изолација каква што земјата гледаше во текот на една декада во државата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

Ковачевски посочи дека патот кон финално членство во ЕУ не е лесен, пат во кој ќе има многу работа, пат кој ќе треба да правиме многу реформи.

„Јас лично сум подготвен ден и ноќ да работам и тие реформи да ги направиме, да и овозможиме на нашата држава да стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку заради повисока економска благосостојба, подобро здравство, подобро образование, подобри услуги за граѓаните подобро владеење на правото и поголема борба против коруцпијата“, рече Ковачевски

„Тоа нашите граѓаните го сакаат, го заслужуваат и тоа е она што јас, тоа е она што СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски ќе го направиме за нашите граѓани“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Спонзорирано: