12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: За минатото зборуваат историчарите, за иднината одлучуваат политичари со визија

ВМРО – ДПМНЕ потврдува дека единствено можеме да слушаме лекции од минатото, јас сум овде да зборувам за иднината, затоа што кога зборуваме за избор меѓу надеж и безнадежност, меѓу евроспката иднина и изолација зборуваме за визија и за иднина“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во „Дуел за Македонија“ на Канал 5 Телевизија.

„Значи јас кажав и во Брисел и тука, дека ова не е процес на еден човек, на една партија и Влада. Ова е обврска на сите политички актери во државата да обезбдат европска иднина на Македонија. Ние добивме преговарачката рамка кога никој не очекуваше, сите да ги прашате, не очекуваа со чист македонски јазик преговарачка рамка. Што се случи во јули 2022, протести кој ги организираше Мицкоски заедно со други опозициски партии за кои сега мора да кажува дека не се познава, каде што велеа ќе сме го изгубиле јазикот, идентитетот. И после 2 години што имаме? Имаме македонски јазик во ЕУ, имаме чист македонски идентитет бидејќи јас, вие господине Мицкоски сме Македонци тоа никој не го оспорува и имаме македонска кулутра која е застапена во сите главни градови на ЕУ. Тоа е лидерство и носење на одлуки“ кажа Ковачевски.

Тој истакна дека уставните измени претставуваат обврска на Македонија во поглед на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ.

„Тие претставуваат обврска на нашата држава со оглед на тоа дека претставуваат една од обврските за отворање на кластерите. Ние покажавме дека можеме да завршиме скрининг за една и пол година и го завршиме и ова е обврска која ќе ја паравиме и тоа граѓаните ќе го кажат сега на 8 мај. На 8 мај ќе изберат евроспка иднина, нема да изберат враќање во минатото, нема да изберат пак раскажување што било во минатото. За минатото зборуваат историчарите, за иднината одлучуваат политичари со визија и храброст“ порача Ковачевски.

Спонзорирано: