12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Целта на ВМРО- ДПМНЕ што е? Да си преговараат со Бугарија, исто како што 11 години си преговараа со Грција

„Ова сме го слушале, преговарање. Целта на ВМРО ДПМНЕ што е? Тие да се вратат пак да си преговараат со Бугарија, исто како што 11 години си преговараа со Грција. Ние сега преговараме со ЕУ. Главните разговори со француското претседателство беа и тоа посебно во месецот јуни, Северна Македонија да ја одржи на 19 јули првата меѓувладина, да ги отвори преговорите со билатерален скрининг, втората меѓувладина да биде одржана без никвко закажување откако ќе биде спроведена обврската во делот на вклучување на други делови од народи во нашиот устав каде веќе има други делови од народи, вклучително и бугарскиот народ и да почне отворањето на поглавјата со нормално чист, наведен македонски јазик во преговарачката рамка. Тоа го добивме,“ рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.

Ковачевски посочи дека обврска на секој пратеник, обврска на секој кој ги претставува граѓаните е да им обезбеди европска иднина.

„Во Собранието мнозинството пратеници донесоа заклучоци со кои што ја одобрија преговарачката рамка и ја задолжија и оваа влада, односно мојата влада, и оваа која што е сега и било која идна влада при преговорите со ЕУ да се држи до заклучоците во она што го донесе Собранието, а во согласност со преговарачката рамка. И јас ви кажувам, еден ден кој што ќе биде многу скоро Северна Македонија ќе ги донесе уставните измени, Северна Македонија ќе ги отвори кластерите и Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Се друго е неодлучност и бегање од одговорност,“порача Ковачевски.

Спонзорирано: