11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Стево Пендаровски има кандидатура со поддршка од 22 илјади граѓани, Силјановска со поддршка од 40 пратеници

„Вие зборувавте цел ден дека ќе соберете историски најголем дел на потписи дека СДСМ не можел да собере, на крајот на денот вие кажавте сте собрале 28.000 потписи, а ние собравме над 22.000. Ние ги поднесовме 22.000 и со тие 22.000 потписи претседателот Стево Пендаровски е кандидат за претседател“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот на Канал 5.

Тој додаде дека наспроти кандидатурата на Пендаровски со поддршка од 22 илјади граѓани, кандидатурата на Силјановска е со поддршка од 40тина пратеници.

„Ирелевантно е дали се факсификат потписите, релевантно е дека вие најавувавте на голема врата колку е голема поддршката, дека тоа ќе било историски најголема поддршка, дека ние сме имале многу помала поддршка“ рече Ковачевски обраќајќи се до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Спонзорирано: