11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Подобрата иднина зависи од носење на одлуки, со неносење на одлуки државата назадува

„ЕУ и членството во ЕУ е единствената шанса за позитивни промени во нашата држава. И тоа сите граѓани го знаат. За правењње на исчекор и во членството во ЕУ претходно и во НАТО потребна е храброст и одлучност. И ние тоа го направивме,“ рече претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.

Претседателот Ковачевски се осврна на европскиот предлог и посочи дека преговорите воопшто не биле лесни, со оглед на тоа дека се одвивале во најнарушени односи со Бугарија. Тој се наврати на тоа дека кога тој станал претседател на владата, тогаш биле формирани работни групи чија насока била иднината, а не минатото.

„Кога преговарате со Бугарија, Франција, а на маса на почетокот беа прашања кои се однесуваа на македонскиот идентитет, тогаш треба и трпение и храброст и знаење тие преговори како што и направивме да бидат сведени на преговори за малцински прашања. Ние низ тие преговори поминавме еден тежок период, јас сум кажал и ќе повторам и тука чуиството е како некој со нож да ви го сече стомакот. Меѓутоа на крајот на денот вие мора да донесете одлука, за иднината и за визијата на државата. Визијата на државата и иднината, подобрата иднина, зависи од носење на одлуки, а не од неносење на одлуки. Со неносење на одлуки државата останува во статус кво, односно назадува,“ порача Ковачевски.

Лидерот на СДСМ се наврати на тоа дека патот кон ЕУ на Македонија е започнат во 2005 година, заедно со Хрватска. Додека Хрватска се европеизираше, рече Ковачевски, ние од 2005 година до 2016 година се антиквизиравме и затоа велам дека ЕУ предлогот е најдобриот предлог кој Македонија можеше да го добие, предлог со кој имаме заштитен македонски јазик, култура и идентитет, дел од мозаикот на култура и идентитети на европските народи и денес преговораме со ЕУ.

Спонзорирано: