11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Изборот на истите пратеници на листата на ДПМНЕ е одлука за блокада на европскиот пат

„Македонија преговара со ЕУ согласно преговарачката рамка. Преговорите почнуваат со билатерален скрининг, тој започна и заврши. Не ги отворивме поглавјата единствено затоа што вие сакате да ја блокирате европската иднина на државата“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5.

Тој додаде дека блокирањето на европската иднина се потврдува и со кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори.

„Затоа што вие велите јас ги кандидирам истите пратеници затоа што го блокираа европскиот пат на државата. Легитимно ваше право. Зашто тие издржале Македонија да не продолжи во ЕУ, е тоа е изговорот“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека неговата партија има план и нема да се откаже од идејата Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Спонзорирано: