4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

За Николоски албанската опозиција која го пречекува Курти со знаме на Голема Албанија е посакуваниот партнер во Владата

„Албанската опозиција и се и не се деривати на ДУИ. Но, мора да има нов партнер во Владата како би се направила разлика. Дел од нив покажаа дека може поинаку. Билал Касами од она што го слушаме Тетово го води одлично“ рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МТВ.

Тој исто така беше сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицира со ДУИ, иако некои претходни раководства на партијата тоа го правеле.

Ваквите ставови на Николоски покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да се откаже и од патриотизмот, со цел доаѓање на власт, имајќи предвид дека токму Касами го пречека косовскиот премиер Албин Курти во Тетово, на митинг без државни обележја, каде што се вееја знамиња на Голема Албанија.

Курти исто така е дел од коалицијата „Вреди“, на албанската опозција, со која што ВМРО-ДПМНЕ сака да коалициара за доаѓање на власт, што е директно мешање на друга држава во изборниот процес во земјава.

Николоски во интервјуто исто така кажа дека дека негова желба е да биде дел од идната Влада, доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, а за во кој сектор ќе се разговара подоцна.

„Во иднина себеси се гледам во Влада, кој ресор ќе видиме“ рече Николоски додавајќи дека тоа ќе зависи од преговорите во партијата и со коалиционите партнери.

Од интервјуто на Николоски за „360 степени“ само се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нема план за водење на државата и дека нивна единствена желба е да добијат моќ и власт.