4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возило падна во река во Албанија: осум лица загинаа

Осум лица, од кои седум илегални мигранти, загинаа денеска во сообраќајна несреќа во Албанија кога возилото паднало во реката Вјоса од височина од 100 метри, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека возилото се движело со брзина поголема од дозволената, а возачот не го познавал добро патот Келчире-Пермет каде се случила несреќата, пренесува „Albanian Post“.

Порталот наведува дека има индиции дека возилото со возач Албанец кој превезувал седум илегални мигранти го бркала полицијата.