4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Николоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ нема план за државата: Ќе бидам дел од владата, ќе видиме кој ресор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто за „360 степени“ на МТВ рече дека негова желба е да биде дел од идната Влада, доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, а за во кој сектор ќе се разговара подоцна.

„Во иднина себеси се гледам во Влада, кој ресор ќе видиме“ рече Николоски додавајќи дека тоа ќе зависи од преговорите во партијата и со коалиционите партнери.

Со ваквата изјава Николоски само потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нема план за водење на државата и дека нивна единствена желба е да добијат моќ и власт.

Тој рече дека повеќе сектори му изгледаат интересни и дека би можел да се најде, но дека се уште не е одлучено каде ќе биде, истакнувајќи дека му е желба да биде дел од извршната власт, која сега сака да си ја оствари.

Во интервјуто, Николоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ, доколку има поголем број на пратеници, ќе преговара со сите партии од албанската опозиција, за кои упати и пофални зборови.

„Албанската опозиција и се и не се деривати на ДУИ. Но, мора да има нов партнер во Владата како би се направила разлика. Дел од нив покажаа дека може поинаку. Билал Касами од она што го слушаме Тетово го води одлично“ рече Николоски.

Тој исто така не ја исклучи и можноста за коалиција со Левица, иако рече дека со нив се далеку во ставовите, како и за коалиција со ЗНАМ, со која имаат конкретна соработка во Куманово.