4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Кукавичкиот потег нема да остане без одговор!“: Иран најави одмазда за убиството на генерал на Револуционерната гарда

Врховниот совет за национална безбедност на Иран одлучи дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа еден генерал и уште шест воени лица.

Со советот претседаваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави државната телевизија.

„Израел мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство нема да остане без одговор“, предупреди Раиси.

Не е објаснето дали одговорот ќе биде извршен директно од Иран или тоа ќе бидат милитантните групи што ги поддржува, како Хезболах и Хутите, пишуваат агенциите.