4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Заложничка драма во Холандија: маж држи заробени луѓе во кафуле и се закнува

Непознат маж рано утринава влегол во кафулето „Петикоат“ во холандскиот град Еде, ги заклучил луѓето и почнал да се заканува дека ќе се разнесе.

Околу 150 домови во областа се евакуирани, а центарот на градот е затворен, пишува Би-Би-Си.

Според полицијата, засега нема индиции за терористички мотив.

Полицијата беше распоредена низ градот, а на сите им беше наредено да го избегнуваат центарот.

Итните служби се на терен.

На социјалните мрежи е објавено дека маж влегол во кафулето со оружје и бомба, и се заканил дека ќе го разнесе целото место.