4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица

Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.

„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението кое го пренесува Тас.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, додека 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница.