12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова дојава за бомба: евакуиран трговски центар во Москва

Посетителите и персоналот на трговскиот и забавен центар „Мозаик“, во југоисточниот дел на Москва, се евакуирани поради анонимна закана од експлозивна направа, изјави за „РИА новости“ претставник на итната служба на главниот град.

„Анонимен повик со закана за бомба во трговскиот центар ‘Мозаик’ на улицата Кожуховскаја 7, зграда 9“, рекол соговорникот на руската агенција.

Според него, при безбедносната проверка сите посетители и персоналот биле евакуирани од зградата.

Лажните закани за бомби во разни руски градови станаа почести од крајот на 2019 година, насочени кон судови, трговски центри, метро-станици, воздухопловна и железничка инфраструктура, училишта и медицински установи.

Спонзорирано: